еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Се “тресат“ бизнисите на Дејан Јованов-Деко, газдата на дискотеката во Кочани, МВР влезе и во кафулето „Класик“

Министерството за внатрешни работи вчера влезе и во кафулето “Класик“ во Кочани, кое неодамно беше демолирано од страна на револтирани граѓани по трагедијата која се случи во т.н. дискотека „Пулс“, каде во пожар загинаа 59, а беа повредени 203 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Демолирано кафуле на сопственикот на т.н. дискотека и каменувана зградата на Општината Кочани

Зад двата објекти стои Дејан Јованов-Деко, кој е во притвор, а на распит вчера беа и неговата ќерка и сопруга.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека претреси биле направени на пет локации во Кочани и Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопругата и ќерката на газдата на дискотеката „Пулс“ на распит во полициска станица

Како што е познато управител на фирмата “ММММ Кафе“ ДООЕЛ од Кочани, која управувала со т.н. дискотека „Пулс“ на хартија бил Александар Карадакоски, кој е еден од повредените во пожарот и се лекува во Литванија, но вистинскиот газда бил Јованов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Управителот на т.н. дискотека „Пулс“, Карадакоски бил шанкер, газда бил Јованов, открива КОД

„ММММ Кафе“ е основана во мај 2020 година, а објектот во кој се наоѓа дискотеката „Пулс“, е регистриран за лесна индустрија, а не за угостителска дејност.

Сметката на фирмата била неколку пати блокирана, а т.н. дискотека била казнета и за неиздавање на фискални сметки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претрес и во домот и возилото на Дејан Јованов-Деко, газдата на дискотеката „Пулс“

Сметката на сопственикот на т.н. дискотека во Кочани, фирмата ММММ Кафе, неколку пати била блокирана

Дискотеката „Пулс“ во Кочани била казнета од УЈП и за неиздавање фискални сметки

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не патувајте во Либан, тие што се таму да ја напуштат земјата, повика МНР

Редакција

Јужноафриканската мутација на Ковид-19 отпорна на третман со плазма, ќе се испитува ефикасноста на вакцината

Редакција

„Унибанка“ оствари добивка од 161 милион денари за девет месеци

Редакција