Од Владата информираат дека поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување на денешната седница ја разгледала и усвоила информацијата во врска со потребата за престанување на Друштвото за приредување на електронски игри на среќа, Нова Државна видео лотарија Ново ВЛТ ДОО – Скопје и друштвата за приредување интернет игри на среќа, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – Моззарт ДОО Скопје, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – 77 Битс ДОО Скопје и Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – Везув ДОО Скопје, во кои содружник е Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија и преземање активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа на Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – Касинос Аустриа ДОО – Скопје.
-Се задолжува Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – Касинос Аустриа ДОО – Скопје да ги преземе потребните активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа од глобалната интернет мрежа, согласно Автентичното толкување на членот 7 ставови (2), (3) и (4) од Законот за игрите на среќа и забавните игри, велат од таму.