еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Како и зошто почина од коронавирусот мажот од Куманово, кој имаше 45 години

Денеска од страна на Министерството за здравство, беше соопштено дека од коронавирусот починаа уште две лица, маж на возраст од 45 години од Куманово и маж на возраст од 78 години од Дебар, со што вкупниот број на починати се зголеми на 7 лица.

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес конференција сподели повеќе детали за смртта на двајцата пациенти.

Мажот од Куманово преку Одделението за инфективни болести во Куманово бил донесен во болницата „ГОБ 8 Септември“ во Скопје каде иницијално бил третиран.

„Имал влошување на состојбата и доцна вечерта е префрлен на Клиниката за инфективни болести, каде за жал реанимацијата после кардиопулмоналното откажување не успеала.

Епидемиолошки се поврзува за член од семејството кој бил пред две недели во Франција.

Пациентот е со бројни минати болести, шеќерна болест, болест на срцето, фебрилација, хипертензија и обезност“, рече Филипче.

Мажот од Дебар е од Клиниката за инфективни болести каде се лекувал од 27 март.

И тој имал претходни болести како Хронична опструктивна болест и хипертенција и бројна терапија за овие две состојби, рече Филипче.

Што е обезност?

Обезност или гојазност е состојба која многу често се среќава во денешно време. Таа треба многу сериозно да се сфати, бидејќи може да предизвика разни проблеми, како што се проблеми со срцето, дијабет, хипертензија, карцином и многу други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали за најмладиот починат пациент од коронавирусот, кој имаше 31 години

Работниците кои ќе останат без работа ќе добиваат надомест од државата согласно нивниот стаж

За фирмите субвенции од 14.500 денари за вработен и 50% субвенционирање на придонесите за плата

СЗО препорачува здравите луѓе да не носат маски: Корона вирусот се пренесува преку капки

Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Со камиони на армијата во Италија се пренесуваат починатите од корона вирусот

Редакција

И Ципрас почна да не вика Северна Македонија

Редакција

Кои се најчестите симптоми на заболените со коронавирусот во Македонија

Редакција