еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

За фирмите субвенции од 14.500 денари за вработен и 50% субвенционирање на придонесите за плата

Финансиска поддршка за компаниите од приватниот сектор за исплата на плати за вработените во висина на минимална лата од 14.500 денари за април и мај и 50 проценти субвенционирање на придонесите за плата се дел од вториот пакет мерки што денеска ги презентираше Владата за ублажување на последиците од коронавовирусот.

Премиерот Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Владата информира дека ќе биде отворена посебна владина програма за финансиска поддршка на работодавачите погодени од кризата.

– Со мерката се поддржува ликвидноста на работодавачите од приватниот сектор, односно се намалуваат нивните трошоци за плати во функција на заштита на работните места и на работниците во услови на криза, истакна Спасовски.

Услови за да се користи оваа мерка е компаниите да немаат исплатено дивиденда, бонуси, годишни награди и награди за деловна успешност и да имаат најмалку 30 проценти намалуавање на приходите споредено со просекот од минатата година, односно сезонскиот просек за фирмите кои вршат сезонска дејност.

– Работодавачите што ќе добијат финансиска поддршка од оваа мерка имаат обврска истиот број на вработени што го имале во моментот на аплицирање да го задржат заклучно со септември 2020 година.

Добиената финансиска поддршка нема да ја враќаат работодавачи што искажале загуба за 2020. За останатите, враќањето е лимитирано до износ од 50 проценти од добивката пред оданочување зголемена за оданочовите расходи, рече Спасовски.

Една од мерките која се однесуваат на работниците и работодавачите е задолжително доискористување на годишниот одмор од минатата година заклучно со 31 мај годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работниците кои ќе останат без работа ќе добиваат надомест од државата согласно нивниот стаж

Вкупната бројка на заразени од корона вирусот 329: Нови 44 случаи, 23 од Куманово

СЗО препорачува здравите луѓе да не носат маски: Корона вирусот се пренесува преку капки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промовиран зеднички електронски систем за наплата на патарините помеѓу Македонија и Србија

Редакција

Каков имот пријавила министерката за образование, Мила Царовска

Редакција

Денеска почнува седницата за избор на нова Влада, гласањето се очекува во недела пред полноќ

Редакција