Силно невреме денеска поплави куќи во Тетово.
“До 20 часот и 15 минути интервениравме со испумпување на вода од 13 куќи во Мала Речица каде се поплавени дворови, подруми и приземните катови од објектите.
Кај касарната имаше задржување на вода на улиците, но со оглед на направен т.н бај-пас успеано е водата да не навлезе во дворовите,” информираше Авни Амети, командир на тетовската противпожарна единица.
Регионалниот Центар за управување со кризи од Тетово информираше и дека поради поплавените улици отежнато се одвива и сообраќајот кај касарната во градот.
Покрај пожарникарите, според РЦУК Тетово, интервенираат и од ЈКП-Тетово и Општина Тетово со соодветна механизација.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.