еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Синдикалната минимална кошница во мај 60.090 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај 2024 година изнесува 60.090 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за април која изнесуваше 60.212 денари, истата е намалена за 122 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати за април истата изнесува 75.465 денари.

„Функционерите со 2.500 евра плата се хранат во бифе во Собрание и во Влада по багателни цени, додека работниците немаат ни за леб.

22.567 денари изнесува минималната плата, а 22.200 денари или 36,9 отсто од синдикалната минимална кошница се трошат за храна и пијалоци за преживување на едно четиричлено семејство.

На работниците им се потребни трошоци за храна на нивните работни места во висина од 20% од просечната плата, затоа што некој од нив немаат ни за ѓеврек и јогурт. Гладен работник е непродуктивен работник!“, велат од ССМ.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Белица останала во минатиот век, но е преубава

Силвана Жежова

Што беше добро во светот во 2022 година

Редакција

ЦИА помогнала да биде лоциран: Во Сирија е убиен лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади

Редакција