По ВМРО-ДПМНЕ и Министерство за надворешни работи и надворешна трговија излезе со информација за патувањето на синот на премиерот Хистијан Мицкоски во САД.
Од таму велат дека синот на премиерот не бил дел од македонската делегација која учестуваше на Самитот на НАТО во Вашнгтон, иако Мицкоски имал право на придружен член на делегација.
„Делегацијата на Самитот на НАТО беше точно определена од страна на Алијансата и таа броеше вкупно 21 член, согласно протоколите на НАТО.
Притоа, потенцираме дека Јован Мицкоски, синот на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, не беше еден од членовите на делегацијата, иако претседателот Мицкоски имаше покана за придружба од член на семејството.
Истовремено информираме дека за патувањето на Јован Мицкоски не се потрошени средства од Буџетот“, стои во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејството на Мицкоски платило за да син му дојде со него Вашингтон, велат од ВМРО-ДПМНЕ
(Фото) И синот на Мицкоски бил во Вашингтон, објави поранешната министерка Петровска