еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Има и деца: Бројот на загинати од земјотресите во Албанија се искачи на најмалку 13 лица

Серијата земјотреси што утрово ја погоди Албанија нанесоа голема материјална штета, а како главна причина, според грчкиот сеизмолог Ефимиос Лекас, е тектонското нарушување од септември.

Според експертите земјотресот со интензитет со интензитет од 6,4 степени по Рихтеровата скала е најсилен во Албанија во последните 30 години.

Лекас наведува дека големата материјална штета е последица на септемвриските земјотреси што ја ослабнаа структурата на објектите.

– Всушност тие објекти, чија структура ослабна при септемвриските земјотреси, денеска се урнаа и заробија голем број луѓе – посочи Лекас за албанскиот портал „Сот њуз“.

Во силниот земјотрес што утринава ја погоди Албанија, потврдена е смртта на најмалку 13 лица, од кои најмалку две се деца, јавија локалните медиуми.

Балкан Веб посочува дека во земјотресот загинале 13 лица, од кои петмина во Туман – градот кој беше најсилно погоден од земјотресот.

АТА јавува дека на најмалку 600 лица им била укажана лекарска помош во здравствените установи.

Агенцијата, исто така, пренесе дека досега, од под урнатините се спасени најмалку 28 лица во Туман и Драч, но има и извештаи за значителен број на луѓе кои остануваат заробени во урнатините под остатоците од зградите во тие области.

Епицентар на потресот е лоциран меѓу Драч и Тирана, на длабочина од десетина километри. По силниот земјотрес, следуваа уште неколку потреси.

МИА/фото: Associated press

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимки од дрон по катастрофалните земјотреси во Албанија

Силниот земјотрес во Албанија, во Македонија почувствуван со интензитет од пет степени

(ВИДЕО) Во земјотресите во Албанија загинаа најмалку 6 лица, тлото продолжува да се тресе

(ВИДЕО) Потресни снимки од земјотресот во Албанија, неофицијално има и жртви

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се обичаите: Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Редакција

(Видео) Беким Незири се појави во Кривичен суд

Редакција

Двајца новопочинати од корона вирусот, вкупно до сега 147

Редакција