еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Синот на Мијалков купи три станови на татко му на Водно, објави Призма

Порталот Призма објави дека постариот син на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, Јордан Мијалков, односно неговата фирма, „Бест веј инвестмент“ е новиот сопственик на трите стана и гаража на Водно, конфискувани од неговиот татко, за случајот „Империја“.

Истите на јавно надавање се продаваа во ноември лани, а информацијата на Призма, за телевизијата Телма, ја потврди директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу.

Небиу за овој имот се пожали дека заинтересирани купувачи биле заплашувани од страна на сопствениците, при обидот за нивна продажба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се заканува да не се продадат становите на Мијалков?

Двата елитни стана на улицата Славејко Арсов во Скопје од 73 квадрати се продадени по 102.000 евра, оној од 78 квадрати за 107.000 евра, додека за гаражата од триесетина квадрати, фирмата на Мијалкови платила 20.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продадени три стана и гаража на Мијалков за 332 илјади евра

Како сопственик на „Бест веј инвестмент“ се води Јордан Мијалков, а истата е основана во есента 2015 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Мијалков направи луксузна свадба на синот Јордан

Според Призма, промената на сопствеништвото веќе е направена во Катастарот, а порталот посочува дека на јавното наддавање децидно се забранува учество на осуденото лице од кого е конфискувана недвижноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголемите должници на новата Листа на УЈП, меѓу нив се уште фирма поврзана со Мијалков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 27 лица

Редакција

Полесно ќе патуваме во ЕУ, Македонија на списокот на „безбедни земји“

Редакција

Во Британија личност на годината, во Македонија „сотона“: Кој е Џорџ Сорос?

Редакција