еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Сите осомничени градоначалници на Кочани бизнисмени

Тројца поранешни градоначалници на Општина Кочани се осомничени за трагедијата во Кочани, во која во т.н. дискотека/кабаре, загинаа 59, а се повредени 197 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зар е можно градоначалникот Папазов да не ја видел т.н. дискотека во Кочани?

Станува збор за Љупчо Папазов од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, актуелниот во заминување, кој пред неколку дена си даде оставка под притисок на јавноста, неговиот претходник, Николчо Илијев, од опозициската СДСМ, кој беше на оваа функција во периодот од 2017 до 2021 година и Ратко Димитровски, од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше градоначалник во периодот од 2009 до 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што се осомничени тројцата градоначалници на Кочани

Според Основното јавно обвинителство, тие се дел од осомничените за трагедијата во Кочани, бидејќи не ги извршиле своите правни обврски согласно Законот за заштита и спасување, со што овозможиле т.н. дискотека/кабаре “Пулс“ незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност, спротивно на Законот за угостителска дејност и другите пропишани услови согласно закон, а за целиот тој период Општината примала уплати по основ на надоместок за угостителски објект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил градоначалникот Папазов, кој поднесе оставка поради трагедијата во Кочани

Сите бизнисмени

Освен што не работеле по закон, заеднички иминител им е и тоа што сите се и бизнисмени.

Папазов како заеднички имот во својот анкетен лист до Антикорупциската комисија го пријавил друштвото за ограничена одговорност ДОО “Флакда“, а на има на децата друго друштво ДООЕЛ “Фламинго“.

Илијев е пак приватен стопанственик, основач и управител на текстилната компанија “ИНТ“ од Кочани.

Димитровски е основач на печатницата “Европа 92” во Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Ратко Димитровски, кој е уапсен со Љупчо Папазов и Николчо Илијев

Кој е Николчо Илијев, кој е уапсен заедно со Љупчо Папазов и Ратко Димитровски

Кој е Љупчо Папазов, новиот градоначалник на Кочани, на кого му се слоши на прес-конференција на Мицкоски

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има ли вакцина за мајмунски сипаници

Редакција

Од Ковид-19 починале 18 лица, дополнително пријавени уште 10

Редакција

Рибарењето можен начин за зараза кај третиот случај на конго кримска хеморагична треска

Редакција