еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Случувањата на светската берза се потенцијал за заработка, не за паника, порача Костадиновски

Најдобро место да се обезбеди реален пораст на имотот се акциите на берзата од компании кои имаат раст во своето работење и вредност на имот пониска од моменталната цена на акцијата, порача Коста Костадиновски, основач и главен финансиски аналитичар на Капитал Ассет Менаџмент на вчерашната онлајн средба со инвеститорите.

Оваа вонредна средба се одржа поради овонеделните случувања на берзите во светот и можноста да се најде максимум во заработката со купување акции од високо квалитетни компании на дисконт, искористувајќи ги краткорочните ценовни прилики предизвикани од кризите.

Костадиновски наведува неколку клучни причини за панични случувања на берзите на почетокот на овој месец, како што се негативниот ефект од покачување на референтните каматни стапки во Јапонија и стратегијата „Carry trading”, загриженоста од рецесија во Америка, одложувањето на намалување на каматните стапки од американската централна банка, геополитичките ризици, влошувањето на фундаментот на најголемите технолошки компании (Apple, NVIDIA, Amazon…) и претседателските избори во Америка.

„Компаниите кои ги имаме во портфолиото на акции имаат здрав фундамент, одлични резултати од работењето, остваруваат профити и делат дивиденди. Со ваквата структура на портфолија подготвени сме да пречекаме уште поголеми турбуленции, иако веројатноста од дополнителни поголеми турбуленции е релативно ниска.

Можни се неизвесности кои може да донесат нервоза на пазарите во наредниве неколку месеци. Сепак, најдоброто место да обезбедите реален пораст на имотот се акциите од компании кои имаат раст на своето работење и вредност на својот имот пониска од моменталната цена на акцијата“, објасни Костадиновски.

Македонската берза имала помал пад на акциите, односно покажала поголемо ниво на отпорност на случувањата во светот. Според него, добро е што Централните банки имаат простор за монетарна интервенција, инфлацијата е под контрола, додека референтните каматни стапки се на доволно високо ниво за да може стимулативно да се интервенира во економиите преку нивно намалување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата на Србија побара од КФОР враќање на одреден број на српски војници на Косово

Редакција

Каков имот пријавила Фатмире Исаки, заменик министерката за надворешни работи

Редакција

Оилко со зголема добивка од 147% во првото полугодие

Редакција