Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, Милена Стевановиќ, кадар на владејачката СДСМ е едниствената која е сменета поради завршувањето на мандатот на неколку директори на скопските клиники.
На нејзино место е поставен д-р Фадил Цана, кадар на Алијанса за Албанците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како што информираа од Министерството за здравство на Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје останува д-р Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски директор, а на Клиниката за психијатрија за медицински директор останува проф. д-р Стојан Бајрактаров.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.