еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Со осигурување на домот инвестираме во сигурност и стабилна иднина

Никогаш не знаете колку ви се важни работите што со години се дел од животот додека не се соочите со нивната загуба. Оваа сурова вистина ја научивме на најтежок можен начин, кога нашиот дом беше уништен од пожар. Тоа беше домот каде што моето семејство живееше повеќе од три децении, полн со спомени и вредни предмети кои го обележаа нашиот живот.

Се сеќавам на денот кога се случи. Се вративме од прошетка и ја видовме нашата куќа опколена од огнот. Во само неколку моменти, нашиот мирен живот се претвори во хаос. Огнот се ширеше брзо, уништувајќи сè на својот пат – мебелот, книгите, фотографиите, сè што беше дел од нашето семејно наследство. Секој предмет што го поседувавме беше проголтан од пламенот.

Во тие моменти на очај, единствената светла точка беше фактот што имавме осигурување на домот. Само неколку месеци пред инцидентот, решивме да осигуриме сè што имаме, не замислувајќи дека ќе ни треба толку брзо. Осигурителната компанија веднаш започна со процесот на обесштетување. За кратко време, добивме финансиска помош која ни помогна да започнеме со обновувањето на нашиот дом и живот.

Македонија осигурување АД Скопје Виена Иншуренс Груп ги охрабрува граѓаните да користат полиса за осигурување на домот бидејќи таа не обезбедува само финансиска заштита, туку и мир и стабилност.

Благодарение на полисата семејството Бошковски, успеа брзо да го обнови домот и повторно да создаде иднина.

Инвестирањето во осигурување на домот значи инвестирање во сигурност. Никогаш не знаете кога животот ќе ви донесе неочекувани предизвици, но со осигурување, барем можете да бидете подготвени за нив. Не чекајте да биде предоцна – осигурајте го домот и заштитете го она што за вас претставува вредно богатство.

Според податоците од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), осигурувањето на имот е едно од најпопуларните доброволни осигурувања во Македонија. Во првите месеци од 2024 година, забележан е раст од 10% во споредба со претходната година. Ова укажува на зголемена свест и интерес меѓу граѓаните за заштита на нивните домови. Благодарение на осигурувањето, граѓаните и компаниите покриле значајни штети.

Оваа статистика ја потврдува важноста на осигурувањето на домот како средство за финансиска заштита и сигурност. Осигурувањето покрај тоа што е заштита од големи катастрофи, заштитува и од секојдневни непредвидени ситуации кои можат да предизвикаат финансиски загуби.

Инвестирањето во осигурување на домот значи инвестирање во иднината и стабилноста. Тоа обезбедува поддршка во најтешките моменти и враќање во нормала без значителни финансиски загуби. Со склучување на полиса за осигурување се презема проактивен чекор за заштита на нешто исклучително значајно а тоа е домот.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денешните дојави за бомби во скопските училишта – лажни

Редакција

Уставните промени да не се драматизираат, порача австрискиот претседател Белен од Скопје

Редакција

Жито Полог откупи сопствени акции

Редакција