Српскиот политичар Срѓан Ного на својот Твитер (Х) профил објави фотографии од возилото „ситроен“ на убиениот Панче Жежовски од Велес со кое беше киднапирана Вања Ѓорчевска, а за денеска најави и снимки.
🔥🔥🔥 ЕКСКЛУЗИВНО објављујем снимак отмице Вање Ђорчевске од 27. новембра у 07.29.30 часова, као и све друге снимке отмичара које су забележиле камере. Такође ЕКСКЛУЗИВНО објављујем и снимак "отмице" Панча Жежовског, фризера из Велеса. Сазнаћете како је текла истрага и ко је у… https://t.co/yzaSp6tRDw pic.twitter.com/I3huL90i3v
— Срђан Ного (@srdjan_nogo) January 4, 2024
На една од фотографиите се гледа возилото „ситроен“ на бензинска пумпа со две лица кои се на возачкото и на совозачкото седиште. Според Ного, едниот од нив е Панче, заедно со неговиот „киднапер“.
Другата фотографија е наводно од безбедносна камера наспроти зградата во која живееше Вања, а според Ного, е направена утрото кога Вања беше киднапирана.
Од Јавното обвинителство за порталот Скопје 1 велат дека Ного со објавувањето на фотографиите не можел да ја компромитира истрагата за убиството и киднапирањето на Ѓорчевска и Жежовски.
Од таму велат дека ги имаат сите потребни докази за да ја утврдат цела траекторија на движење на осомничените.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжен притворот на петмината осомничени за грабнувањето и убиството на Вања и Панче
Палчо по убиството на Вања и Панче добил пари од Швајцарија, открива КОД
Познати причините за смртта на Вања и Панче, нема да бидат објавени јавно
Фото: Ного/Твитер