еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стратегијата на НЛБ Групацијата ќе придонесе за побрз економски раст на регионот и подобрување на животниот стандард

Известувач од Љубљана, за еМагазин.мк, Силвана Жежова

Новата амбициозна деловна стратегија на НЛБ Групацијата, која беше претставена на вториот по ред „НЛБ Ден на инвеститорите“ во Љубљана, се базира на силата која ја имаме како банка, добрата ликвидност и капитал, рече на претставувањето на Стратегијата, Блаж Бродњак, претседател на Управниот одбор на НЛБ.

Стратегијате предвидува дека НЛБ Групацијата до 2030 година ќе стане водечка банкарска Групација во регионот, со повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и добивка од една милијарда евра.

Според Бродњак, преку Стратегијата банката ќе продолжи да ги следи вредностите на работење, а клучните цели се трансформација, одржлив раст, соработка со клиенти, нивна поддршка на долг рок.

„Со Стратегијата се обврзуваме да бидеме подобри со клиентите, да бидеме подобри во нудењето на услуги. На сите пазари дејствуваме како одличен тим, не водат исти вредности, делиме иста филозофија, учиме едни од други, работиме на решенија кои се создаваат во еден центар, ги применуваме на пазарите на кои делуваме.

Во Стратегијате ќе го зајакнеме се она што до сега добро сме го работеле, истото да го забрзаме, а добрите пракси да ги унапредиме и да ги споделиме. Преку неа сакаме да придонесеме кон забрзан раст и развој на регионот, “ изјави Бродњак.

Развиена како одговор на променливото банкарско опкружување, претстојните предизвици, но и новите можности, Стратегијата предвидува до 2030 година НЛБ Групацијата да стане лидер во сегментот на мали и средни претпријатија, истовремено играјќи водечка улога во областа на финансирањето на енергетската транзиција, каде обемот на ваквите заеми ќе изнесува 3,2 милијарди евра.

Претседателот на УО на НЛБ Банка Скопје, Бранко Грегановиќ, за еМагазин.мк изјави дека Стратегијата говори за сериозни и амбициозни планови кои се реални, имајќи ја предвид посветеноста и фокусот на Југоисточна Европа.

„Изминатата недела на наше задоволство ја имавме честа да бидеме дел од второто издание на „НЛБ Ден на инвеститорите“во Љубљана и пред повеќе од 200 странски инвеститори, финансиски експерти, аналитичари, претставници на клучни регионални компании и медиуми да ја претставиме новата групациска стратегија и силна решителност дополнително да ја зацврстиме нашата позиција како водечка банкарска Групација во регионот.

Беше задоволство да се слушнат ставовите и размислувањата на клучните фигури во рамки на нашата Групација, кои ни ги доближија стратешките цели, со предвидувања до 2030 година да станеме лидер во сегментот на мали и средни претпријатија на сите пазари, истовремено играјќи водечка улога во областа на финансирањето на енергетската транзиција, каде обемот на ваквите заеми ќе изнесува 3,2 милијарди евра,“ изјави Грегановиќ.

Членовите на Управниот одбор на НЛБ на претставувањето на Стратегијата, акцентот го ставија на забрзан економски развој на регионот, како и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Бродњак истакна дека БДП на регионот денес побрзо расте отколку во некои развиени земји, посебно што некои од нив имаат и негативен раст.

„Реално, доаѓаат уште поголеми инвестиции, изградба на патишта, инфраструктура, производство на енергија од обновливи извори, посебно во контекстот на приклучување кон ЕУ. Верувам во регионот и идејата на ЕУ за отворен пазар за таленти, роба и капитал. Сите мора да работиме на тоа, лидерите во регионот да ги одржат мирот и стабилноста.

Повторуваме дека, апсолутно никако не доаѓа предвид да се повторат некои времиња, сакаме сите да гледаме во иднината, младите да останат овде да останат, и да има со кој да се работи,“ порача Бродњак.

НЛБ како најголема банкарска Групација со седиште и ексклузивен стратешки фокус на Југоисточна Европа, го препознава големиот потенцијал на овој регион.

„Стандардот на граѓаните од една страна ќе се подобри со поддршка на економските проекти кои одат во правец на одржливост, поттикнување на потрошувачка на енергија од обновливи извори, изградба на инфраструктура која дава поволна логистика, а од друга страна со подобрување на квалитетот на искуството на клиентите кога ги користат нашите услуги.

Кога воведуваме apple pay, паметни терминали за плаќање, од почеток до крај дигитализиран процес на нудење услуги за да не е потребно да дојдете во експозитура, туку да можете да го правите од некоја друга страна на планетата, на тој начин исто така го подобруваме животниот стандард,“ додаде Бродњак.

Стратегијата предвидува, освен во банкарски услуги, банката да ги зајакне услугите во делот на осигурувањето, инвестиционите фондови, зелени инвестиции, поддршка на изградба на станови за решавање на станбеното прашање на младите, помош на компаниите во меѓународното работење.

На конференцијата присуствуваа и бизнисмени од Македонија, од повеќе успешни компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НЛБ Групацијата работи на влез на хрватскиот пазар, прв чекор преку лизинг

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година: Новата деловна стратегија на НЛБ Групацијата претставена на „Денот на инвеститорите“ во Љубљана

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР склучи со “Вп – пласт инжинеринг“ вреден 575,6 илјади евра

Редакција

Изненадување: Автопатот Миладиновци-Штип пуштен во употреба

Редакција

Да им помогнеме: Димче Малчев е неподвижен, а за него се грижи сопругата која е болна од рак

Редакција