Синоќа во хотелот „Александар палас“ во Скопје се одржа едниот од двата Конгреси на владејачката Алијанса за Албанците (АА), кој го свика претседателот на партијата, Арбен Таравари.
Другиот е закажан за утре, а истиот го свика поранешниот лидер, Зијадин Села, со кој Таравари е во кавга, а не него на дневен ред е разрешувањето на Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На синоќешниот Конгрес, делегатите изгласаа измени на Статутот на партијата, со кои се укинуваат одлуките од Конгресот на партијата одржан од декември 2022 година и повторно во сила се враќа верзијата усвоена неколку месеци претходно, во март истата година.
„Беше усвоена измената на Статутот на Алијансата за Албанците, со која се укинуваат статутарните измени одобрени на третиот вонреден Конгрес одржан на 24. декември 2022 година и се враќа прелиминарната верзија на Статутот, усвоена на 27. март 2022 година на вториот партиски Конгрес, со цел отстранување на дисфункционалностите во партиското одлучување“, информираа од партијата по завршувањето на синоќешниот Конгрес.
Со овие промени се укинува функцијата претседател на партискиот орган – Централно собрание, а претседател е Села, а се укинуваат и овластувањата на телото – Претседателство на партијата.
Делегатите му дадоа и подршка на Таравари да биде кандидат за претседател на Македонија, на АА, а подршка веќе му дадоа и Алтернатива, Беса и Алијанса за Албанците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Арбен Таравари, кандидат за претседател на албанската опозиција
Делегатите исто така ги поништија и одлуките што ги донесе Централното собрание на седницата на партијата од 10. февруари годинава, на која беше донесена одлуката за разрешување на Таравари, а седницата ја свика Села.
Одлуките како што информираа од АА биле поништени поради бројни статурани прекршувања, манипулации и докажани фалсификати, а во врска со нив од партијата најавија и кривични пријави.
Според портпаролот на партијата, Блерант Рамадани, на синоќешниот Конгрес од 739 делегати на партијата на републичко ниво биле присутни 421, а за одлуките гласале 420 делегати, а еден бил воздржан.
За Конгресот кој Села утре ќе го одржи исто така во Скопје од АА рекоа дека бил нелегитимен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Арбен Таравари, кандидат за претседател на Македонија на албанската опозиција
Каков имот пријавил Илир Демири, новиот министер за здравство
Каков имот пријавил разрешениот министер Фатмир Меџити од Алијанса за Албанците
Фото: Таравари/Фејсбук