еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тешко ќе биде прифатен предлогот за одложена примена на уставните измени, вели евроамбасадорот Рокас

Новиот евроамбасадор, грчкиот дипломат, Михалис Рокас во интервју за државната агенција МИА вели дека тешко ќе биде прифатен предлогот за одложена примена на уставните измени за внесување на Бугарите во македонскиот Устав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гркот Михалис Рокас од денеска нов евроамбасадор во Македонија

Тој посочува дека проширување на Европската унија (ЕУ) се базира на едногласност од сите 27 земји-членки и дека предлогот не изгледа дека ќе биде прифатен во актуелниот контекст.

Вели дека одлуката за уставни измени е суверена и многу важна, но дека е клучно да се разберат европските стандарди и потреби во овој процес.

Смета дека одлуките може да се донесат брзо, но истовремено нагласува дека е потребна целосна посветеност за пристапување кон ЕУ, што ја вклучува и Македонија.

Не сака да коментира за предлогот на унгарскиот премиер Виктор Орбан за посредување во спорот помеѓу Скопје и Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија бара ново решение за спорот за Бугарија, ќе биде откриено по изборите кај источниот сосед

Македонија ќе почне преговори со ЕУ кога ќе ги внесе Бугарите во Уставот, порачаа од Европската комисија

Што содржи предлогот на Орбан за посредување во спорот на Македонија со Бугарија?

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комерцијална банка стана газда на Еуроникел

Редакција

Дирекцијата за заштита и спасување вработува 12 државни службеници, плата до 29.690 денари

Редакција

Владата склучи договор со „Бапал Благој“ вреден 3,3 милиони евра

Редакција