еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тројца припадници од обезбедување на претседателот на Собранието, Гаши, повредени во сообраќајка

Тројца припадници на обезбедувањето на претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши се повредени откако утринава со возило „сеат алтеа“ во сопственост на Министерството за внатрешни работи (МВР) излетале на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село.

Станува збор за Ј.Л. (37), кој го управувал возилото, а во истото сопатници биле И.Б. и Б.М, сите полициски службеници, информираа од МВР.

Тие се пренесени во болница и се во добра здравствена состојба.

Случајот го потврдија и од Кабинетот на Гаши, од каде велат дека сите тројца се со полесни телесни повреди и моментално се во стабилна состојба. Хоспитализирани се во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.

Тие патувале како претходница за посетата на Гаши во Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа девет нови пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 188

Редакција

Ултимус повеќе не е акционер: ИГМ-Трејд купи акции во Макошпед

Редакција

МВР: Казни до осум години затвор за предизвикување пожари

Редакција