Министерот за градежништво на Србија, Горан Весиќ кој си поднесе оставка поради трагедијата во Нови Сад, кога се сруши бетонска настрешница на железничката станица и загинаа 15 лица, е уапсен заедно со уште 11 други лица.
Весиќ на својот Инстаграм профил објави дека „не е уапсен туку доброволно се одзвал на повикот на полициските службеници, со кои дошол во Нови Сад и се ставил на располагање на истражните органи.“
Помеѓу уапсените се и поранешната директорка на „Инфраструктурата на железницата на Србија“, Јелена Танасковиќ и Небојша Шурлан и помошничката на министерот за железнички сообраќај Анита Димоски.
Според соопштението на Вишото јавно обвинителство „ Ј.Т., Г.В., А.Д. и Н.Ш. сториле кривично дело Тешко дело против општата сигурност од член 288 став 2 од Кривичниот законик во врска со кривичното дело Предизвикување општа опасност од член 278 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик, а осомничените: С.Н., М.Ј., Љ.М.М., М.С., Д.Ј., М.Г. и Д.Т. извршиле кривично дело Тешко дело против општата сигурност од член 288 став 2 од Кривичниот законик во врска со кривичното дело Непрописно и неправилно изведување на градежни работи од член 281 став 1 од Кривичниот законик. За наведените кривични дела пропишана е казна затвор од 2 до 12 години.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Unsplash