Од Јавното обвинителство информираа дека се лишени од слобода сите осомничени за упадот во државното акционерско друштво Македонска навигација (М-НАВ).
Три лица досега беа недостапни за органите на прогон.
„Во врска со предметот за случувањата во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека до овој момент лишени од слобода се сите осум лица опфатени со Наредбата за спроведување истражна постапка за кривично дело – Загрозување на воздушниот сообраќај“, соопштија од Обвинителство.
И за овие три лица Обвинителството побара притвор.
Пет од нив веќе добија куќен притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
30 дена притвор за петтиот осомничен за упадот во М-НАВ
Кој е петтиот приведен за упадот во М-НАВ
Едмонд Калиќи на местото на Хавзи Емини во Надзорниот одбор на М-НАВ