еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Убиениот маж во Тетово имал 39 години, објавен е распис за апсење на неговиот убиец

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска информираше дека убиениот маж во Тетово, Р.Т. имал 39 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во Тетово убиен маж од возило во движење

Убиството како што е познато се случи вчера на улицата “Штипска“ во близина на угостителски објект, а мажот беше убиен во возило во движење, марка мерцедес, додека бил во неговото возило марка БМВ.

Од МВР информираа и дека инспектори извршиле службени разговори со лица – можни сведоци на настанот и дополнителни проверки, по кои веќе постојат основи на сомневање за можниот сторител на делото.

-Издаден е централен распис за негово лишување од слобода и продолжуваат интензивните оперативно-технички мерки и активности за целосно расчистување на случајот, велат од таму.

Возилото на убиениот е однесено за криминалистичко-техничка обработка, а неговото тело по наредба на јавен обвинител е предадено за обдукција.

Полицијата заедно со Основното јавно обвинителство Тетово изврш и увид на место на злосторството и се подигнати траги за вештачење.

Засега нема детали за мотивот, а според медиумите на албански јазик станува збор за стара пресметка помеѓу две групи и е поврзано со пукањето пред тетовската болница пред неколку месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукањето во куќата во Тетово е поврзано со убиството и ранувањето на двајцата браќа пред тетовската болница?

Почина еден од браќата ранети во пукањето пред тетовската болница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БИМ од Свети Николе со добивка во првите три месеци

Редакција

Ловџија застрела колега во Крива Паланка

Редакција

Евроамбасадорот Гир: Ако не го смените Уставот преговарачкиот процес ќе запре

Редакција