Урсула фон дер Лајен е реизбрана за претседателка на Европска комисија.
За новиот петгодишен мандат „за“ гласаа 401 европратеници, а 284 биле „против“.
Фон дер Лајен истакна дека еден од клучните приоритети на нејзиниот иден мандат ќе биде проширувувањето на Европската унија, процес, кој како што истакна се темели на заслуги, а ЕУ ќе помогне во тоа.
Според неа, Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија го направија својот слободен избор, ја избраа слободата наместо угнетувањето.
„Ја избраа демократијата наместо зависноста, а некои од нив плаќаат многу висока цена за овој избор. И ние мора да го направиме нашиот избор и да покажеме стратешка определба дека нивната иднина ќе биде слободна, просперитетна, во рамките на нашата Европска Унија“, изјави Фон дер Лајен.
Фото: ЕК