еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Условите за едукација и за нормален живот, ги привлекува студентите на факултетите во Словенија

Македонската јавност, деновиве, е разбранувана од информациите дека земјата ја напуштаат многу граѓани и дека сме во топ 20 земји во светот со најголема емиграција во странство.

Неодамнешните официјални податоци на Државниот завод за ревизија покажува дека 10% од вкупниот број заминати лица од државата се високообразован кадар. Како и дека од 2013 до 2022 година во странство заминале 7.861 лице.

Според Индексот на одлив на мозоци на Global Economy, Македонија е на високото петто место (од 41 европска земја), што јасно покажува дека државата губи таленти. Ова се факти кои треба да се прифатат, но исто така и повод да се анализираат и размислат што и како понатаму.

Исто така, факт е дека многу наши млади студенти заминуваат на едукација во многу европски земји, меѓу кои најмногу во Словенија.

„Од една страна, навистина е шок да бидете на врвот на листата по иселување на умови. Од друга страна, позитивно гледано, тоа е добро само доколку младите умни луѓе заминат само на едукација во друга држава и потоа се вратат во својата родна земја.

Е тука треба сериозно да се размисли што и како да им се понуди и овозможи младите да заминуваат. Не треба да се плаши јавноста од заминување и емиграција на луѓето – тоа е во ДНК на многу генерации од ова поднебје,“ вели социологот Борут Рончевиќ, на прашањето зошто младите се иселуваат, кои се причините, дали тоа може да се спречи или ублажи.

Рончевиќ е и декан на Факултетот за општествени апликативни студии од Нова Горица, Словенија, каде секоја година се запишуваат студенти од Македонија наведува дека човечки е да се тежнее кон подобро и поквалитетно.

„Отсекогаш човекот тежнеел и настојувал да оди кон подобро и поквалитетно. Тоа е исконска потреба и во оваа насока, меѓудруго, ја разгледувам состојбата со емиграција на луѓето од едно на друго место. Овој процес е вековен и никој не е поштеден од иселување на населението. Но, нормално е секоја држава да создава услови за квалитетно живеење во кои населението ќе ги остварува своите права и потреби,“ додава Рончевиќ.

Според него, словенечкото образование нуди многу добар квалитет за едукација и можности за реализација на професионалните и личните планови на луѓето.

„На нашиот факултет, ФУДШ се трудиме потребите на студентите да бидат на прво место и што е можно повеќе исполнети, секако не на штета на процесите на едукација и на квалитетот што го нудиме.

Целиот персонал се труди, создавајќи услови за подобро студирање, да создаде атмосфера каде студентите ќе се чувствуваат удобно, добредојдени и ќе ги остварат своите права за едукација и нормален живот.

Факт е дека на нашиот факултет се запишуваат и студенти од Македонија и добиваат еднаков квалитетен третман како и сите други студенти од светот. Останува државните власти да размислат како овој квалитетно едуциран кадар да го врати во Македонија, да се подобри квалитетот на живеење за целокупното население и навистина да им се помогне во овој процес“, вели Рончевиќ.

Проблемот во Македонија е во недостатокот на Стратегија за управување со луѓето пред или по процесот на едукација.

„Спроведените ревизорски активности и обезбедените ревизорски докази овозможија да стекнеме разумно уверување дека активностите на Владата како носител на политиките за управување со миграцијата не се доволно ефективни за намалување на одливот на високообразовниот кадар од државата,“ констатира Државниот завод за ревизија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ објави оглас на набавка на гас за топланите за период јануари-април

Редакција

Боки 13 пак не даде исказ за „Рекет“, на носилка изнесен од Обвинителството

Редакција

Пожарот над беровското село Митрашинци ставен под контрола

Редакција