еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Утре Скопје со редуциран автобуски превоз, дел од приватните превозници ќе возат само една линија

Утре во Скопје, кога почнува и новата учебна година, се очекува градот да биде со редуциран градски превоз.

Дел од приватните превозници најавија дека ќе пуштат само по еден автобус на една линија наутро. Тие бараат да им се исплати долгот од градските власти, а бараат да се зголеми и цената.

Од приватниот превозник „Вестор транс“ пак информираа дека нивните автобуси ќе сообраќаат со нормален возен ред. Станува збор за приватните автобуси  9, 11, 11а, 12, 47 и 55.

Проблем има и Јавното сообраќајно претпријатите (ЈСП) Скопје, на кое му недостигаат автобуси, а дел се и во лоша состојба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската унија одговори на руското однесување во Украина: Санкции за 351 член на Думата и 27 компании и поединци

Редакција

Тројца работници на кочански „Водовод“ биле натепани додека отстранувале дефект на водоводната мрежа

Редакција

И Филипче најави кандидатура за претседател на СДСМ

Редакција