Поранешниот министер за здравство, а сега пратеник, Венко Филипче ја поднесе својата кандидатура за претседател на СДСМ во седиштето на партијата.
Тој најави дека под негово раководство, партијата не само што ќе опстои, туку ќе биде и победничка.
„Изборните резултати ја клекнаа СДСМ на колена, некои го поставуваат прашањето дали партијата воопшто ќе опстои. Ги повикувам сите што го имаат ентузијазам да работат да ми се приклучат и да дадат придинес“, изјави Филипче.
Во однос на релациите со поранешниот лидер и премиер Зоран Заев и дека би бил негова сенка, тој истакна дека односот со Заев, само говори за него.
„Такви добри релации имам и со други сегашни, поранешни функционери и со членството, а тоа е можност за брзо обединување во партијата,“ дополни Филипче.
Тој нагласи дека очекува голема поддршка од членството за да биде избран за лидер на СДСМ и нагласи дека е свесен за одговорноста која ја презема, но дека знае декка може да работи совесно и професионално за добро на партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 24 години активно членство во СДСМ, Петровска се кандидираше за претседател
Фото: Фејсбук/Филипче