еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Фото) Калиопи направи концертен спектакл во Битола и беше поздравена со стоечки овации и аплауз

Со стоечки овации и громогласен аплауз беше поздравена поп дивата Калиопи, каде што на битолчани овој викенд им приреди фантастичен концерт и магична ноќ која уште долго ќе се памети.

Битолската Хераклеа беше претесна и преполна. Претесна да ја собере публиката, а преполна со емоција која кај присутните може да ја разбуди само Калиопи.

Со својот моќен вокал, вложувајќи огромна енергија и емоции и повеќе од два часа во кои не постоеше ништо освен музика, во прудружба на својот бенд, изведе стари и нови песни заблагодарувајќи му се на Ромео Грил за придонесот.

„Преубави сте, многу убав свет видов пред себе, ја гледам мојата Македонија и каде и да одам секаде со себе ја носам, ама срцето најмногу чука токму овде меѓу овие ѕидови,“ рече Калиопи пред публиката во Хераклеа.

Енергијата на Калиопи, направи искуство кое вредеше да се почувствува за илјадната публика.

Ова беше само мало „загревање“ за концертите кои следуваат и тоа на 2. август во Охрид и на 19. октомври во Скопје.

Фото: Стефан Самандов

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Заев, Иванов, Мицкоски, Анѓушев, Османи на божикна полноќна света литургија

Редакција

Државна делегација предводена од Пендаровски од денеска до 22. септември ќе учествува на за 78. сесија на Генералното собрание на ОН

Редакција

66 компании кои котираат на Берзата работеле со добивка, а 23 со загуба во првите три месеци

Редакција