Гани Туша, кој е осомничен за убиството на еден од водачите на групата „Дуќанџик“, Орхан Бајрами – Оки е повторно во фокусот на јавноста откако вчера беше убиен неговиот татко Зељкиф Туша.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиен таткото на Гани Туша, осомничениот за убиството на Орхан Бајрами – Оки
Туша, кој е во притвор во Македонија, неодамна грчката полиција го осомничи и за двете убиства во кафулето „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија во март лани.
Тој е член на групата „Барон“, соперничката група на „Дуќанџик“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медиумите во Албанија тогаш објавија и негова фотографија.
Бидејќи беше баран со меѓународна потерница тој си го сменил презимето во Марку.
Во притвор во Шутка е од август лани, кога беше уапсен.
Тој според македонските органи се сомничи дека учествувал во купопродажбата на автомобилот „Ауди“, со кое убијците дошле до “Шиша бар“, а потоа го запалиле.
Медиумите објавија и дека е повратник од боиштата во Сирија и бил припадник на групата Ал Нусра.
Грчките власти сега бараат негова екстрадиција во Грција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Кој е Орхан Бајрами Оки, кој беше убиен во Ханиоти
Криминалци најавуваат ликвидации на Тик Ток, прво за Оки, сега за Раде Трајковски – Штекли