еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Убиената Кавадарчанка во Германија имала седум деца, сопругот ја убил поради љубомора

Веста за убиената Македонка, Ванеса П. (41) по потекло олд Кавадарци, во Есен, Германија ја потресе јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонка избодена до смрт од сопругот во Германија, убиството го пријавил нејзиниот малолетен син

Таа беше убиена од нејзиниот сопруг (47), кој е по потекло од Скопје и е упасен, а сведок на убиството бил нивниот 8-годишен син. Истото во полицијата го пријавил најстариот син (16).

Тие имаат седум деца, кои сега остануваат без родителска грижа.

Нејзиниот брат, Бесим Алија за Фокус раскажува дека нејзиниот брак бил пекол и дека била жртва на семејно насилство поради љубомора, а жената морала да ги прекине и сите врски со нејзиното семејство.

-Пред девет години сестра ми со семејството се пресели во Германија, во потрага по подобар живот. Но, бракот и беше пекол. Тој беше премногу љубоморен, постојано ја контролираше, не ја пушташе да оди ниту во маркет.

Не и дозволуваше да зборува со фамилијата, таа не смееше да дојде ниту кај мене. Постојано трпеше закани, и се закануваше дека ако дојде кај мене, ќе ме убие мене и ќе ги убие моите деца!

Само за да нема проблеми со него, таа ме блокираше мене и сите роднини на телефон, но на крај сепак заврши на еден таков свиреп начин, усмртена пред очите на синот, раскажува братот, кој вели дека сега ќе биде потребна помош за децата и дека доколку има хумани граѓани кои се во можност да помогнат, можат да донираат на сметката на најстариот син на Ванеса, кој е полнолетен, во Шпаркасе Банка, на име Кенеди Пајазити, DE80 3605 0105 0002 6665 35.

Жената беше погребена вчера во Есен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

32-годишен Македонец претепан до смрт во Есен, Германијa

Фото: Фејсбук/Ванеса

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И по 22 години од масакрот кај Вејце загинатите бранители се уште немаат споменик

Редакција

„Стани Зелче, ФИРОМ почина“: Твитер за ратификацијата на Договорот од Преспа и во Грција

Редакција

Објавени даночните пријави на Трамп од 2015 до 2020 година

Редакција