Премиерот Христијан Мицкоски и неколку министри вчера имаа средба со Крис Павловски, основач и извршен директор на интернационалната компанија Rumble, Хауард Лутник, основач и извршен директор на финансиската корпорации од САД, Cantor Fitzgerald и со Девин Нунес, поранешен конгресмен на Калифорнија и актуелен извршен директор на Трамп корпорација за медиуми и технологија.
За Топ Тема на телевизијата Телма, Мицкоски сподели повеќе детали за средбата.
„Организатор на оваа група е господинот Крис Павловски. Како држава, мислам дека треба да имаме чест и провилегија што овие луѓе, прво, се тука, бидејќи станува збор за корпорации со десетици милијарди долари годишен обрт.
Крис Павловски е со македонско потекло. Неговите родители се од ресенско, тој е роден во Канада, живее во САД и работи заедно со тимот на Трамп во делот на развивање на „Рамбл“ корпорацијата.
Таа е многу важна посебно во процесот на дигитализација, посебно во процесот на ФИНТЕК индустријата, итн..
Луѓето кои што беа тука, господинот Хауард и господинот Нес се двајца од кругот на најблиски соработници на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Тоа се луѓе со исклучително големо и корпоративно, но и политичко искуство во делот на трансформација на држави“, рече Мицкоски, кој потенцираше дека дигиталната трансформација е еден од приоритетите на оваа Влада, но не откри дали во тој процес ќе бидат вклучени и корпорации блиски до Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Македонија пак ќе се рекламира на CNN? Мицкоски го посети седиштето на телевизијата
Фото: Влада