Претседателот на Месниот комитет Пештани во Охрид, Александар Толоманоски – Дандаро доби пријава од Министерството за внатрешни работи за поседување кокаин.
Од страна на полицијата откако е фатен како употребува кокаин во угостителски објект, е приведен на 9. декември во 2 часот и 55 минути.
Толоманоски работел и во локално училиште.
Од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека тој веднаш е разрешен од функцијата и дека во најитен рок ќе биде и исклучен и од партијата.
Од таму информираа и дека охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков од директорката на училиштето каде работел ќе побара поведување на дисциплинска мерка за прекинување на работниот однос.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ/СДСМ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.