еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цената на бензините се намалува до еден, на дизелот за 1,5 денари

Од вечерва на полноќ цената на бензините се намалува до 1 денар, а на дизелот за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Цената на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 0,50 денар за литар, а цената на бензинот Еуросупер БС-98 за 1 денар за литар.

Со новата одлука бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за 73,50 денари за литар, а бензинот Еуросупер БС-98 за 75,50 денари за литар.

Цените на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денар за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,989 денар за килограм и сега ќе изнесува 41,328 денари за килограм.

Дизел горивото сега ќе се продава за 67 денари за литар, а маслото за горење за 66 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Евреите во Македонија згрозени и навредени од името на бугарскиот клуб во Битола

Редакција

“Од кај имаме пари за 78% повисоки плати?“: Твитер реакции за платите на функционерите

Редакција

Чифлиганец, Наумоски, Антевски и Максимовска остануваат во Надзорниот одбор на Комерцијална

Редакција