еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Четиригодишно девојче питачело и тешко се рзболело: Мајката од Струмица осомничена за малтретирање

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка осомничена за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 3 од Кривичниот законик.

„Осомничената, иако била должна да ја издржува и да се грижи за животот и здравјето на нејзината 4-годишна ќерка, грубо ја запоставила својата родителска должност за грижа и воспитување, ја запуштила и дозволила детето да се оддаде на питачење, што штетно влијаело на неговиот развој, здравје и лична безбедност.

Поради тоа настапило тешко нарушување на здравјето на детето, кое во тешка здравствена состојба на 17.01.2024 година било најпрво примено во ЈЗУ Општа болница Струмица, а потоа хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје,“ велат од Обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител продолжува да постапува и го очекува вештиот наод од Институтот за судска медицина во поглед на причините за настанатите повреди кај девојчето. По барање на јавниот обвинител, Центарот за социјални работи постапи согласно своите надлежности за обезбедување заштита на другите три деца од семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одземени трите малолетни деца на мајката, чие четиригодишното девојче со рани и скршени ребра заврши на Детската клиника

Четиригодишно дете донесено на Клиника, претепано и со рани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Што ми мењава смената на Кирацовски мене кога на платформата на Матка влакно не и фали“: Твитер се „збогува“ со Кирац

Редакција

(Видео) Се уште сум во Македонија: Се огласи Ѓорге Давид, српскиот музичар кој прегази жена, која почина

Редакција

Каков имот пријавил Блерим Река, кандидатот за претседател на Алијансата за Албанците и Беса

Редакција