еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што е ОБСЕ, чиј министерски Самит почнува денеска во Скопје

Во Скопје денеска почнува 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој ќе трае до 1. декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров и Блинкен на едно место: Во Скопје денеска почнува Самитот на ОБСЕ

Во Македонија се очекува пристигнување на 76 делегации од 57 земји членки на ОБСЕ и држави партнери на Организацијата.

Што е ОБСЕ?

ОБСЕ е меѓународна институција под закрилата на Обединетите нации, која служи за рано предупредување, превенција на конфликти, управување на кризи и пост-конфликтна рехабилитација.

Таа е некој вид на форум за политички дијалог, која има за цел безбедносна стабилизација на регионот, со помош на демократски средства и демократско владеење.

Нејзини членки се земји од Европа, регионот на Кавказ, Средна Азија и Северна Америка.

Организацијата била создадена во време на таканаречената Студена војна како форум Запад-Исток.

Пред да прерасне во постојана организација, делувала како Конгрес за европска безбедност и соработка (КЕБС) помеѓу 1973 и 1995 година.

Тела на ОБСЕ

Највисоките тела се Самитот и Министерскиот совет.

Совет, кој се состанува секоја недела во Виена, служи како редовно преговарачко и одлучувачко тело. Постојаниот совет е предводен од претседавач, кој се именува на една година, а годинава тоа е Македонија.

Постојат и Форум за безбедносна соработка и Економски форум, кои се дел од одлучувачките тела.

Седиштето на Секретаријатот на ОБСЕ е во Виена, Австрија. Покрај тоа, организацијата има канцеларии и во Копенхаген, Женева, Хаг, Прага и Варшава.

Повеќето од 3.500. вработени се ангажирани во операции на теренот, со само десетина проценти администрација.

Користени материјали од Википедија. Комплетен список на сите земји членки, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија ќе го бојкотираат Советот на ОБСЕ

Лавров доаѓа во Скопје, Бугарија го отвори небото

Фото: ОБСЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: 6 починати за 24 часа во Македонија, двајца имале контакт со потврден случај, еден неодамна патувал

Редакција

Павле Богоевски ќе биде во самоизолација бидејќи се вратил од Германија, во моментов нема симптоми на корона вирусот

Редакција

Американскиот државен секретар О’Брајaн вели дека не знае за нон-пејпер за партиите на Албанците за обрзување за уставните измени

Редакција