Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж е фокусот на светската јавност, откако по 14 години правна битка и голгота конечно е слободен човек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Џулијан Асанж е слободен човек, американскиот суд го ослободи
еМагазин во серијал ќе Ве потсети на дел од документите на американските власти, што ги објавија Асажн и Википедија за Македонија.
Глигоров верувал дека Македонците ќе прифатат компромис за името
Еден од документите кој се појави во базата на Викиликс е и мислењето на поранешниот и прв македонски претседател, Киро Глигоров, за спорот за името на државата со Грција.
Неговото мислење (според американските власти) е искажано во 2008 година, по самитот на НАТО во Букурешт, кога Македонија не стана членка на НАТО.
Глигоров во неофицијален разговор со поранешниот американски амбасадор во Македонија, Филип Рикер, му кажал дека верува оти Македонците ќе прифатат компромис за името, но црвените линии за него се јазикот и идентитетот кои мора да останат македонски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ