еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Што пишува во понудата на Комерцијална за преземање на Стопанска банка Битола

Комерцијална банка АД Скопје и официјално преку Македонската берза ја објави понудата и проспектот за преземање на Стопанска банка Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопанска банка Битола има рок до 22. септември да ја прифати, Комерцијална ја објави понудата за преземање

Комерцијална сака да ги купи сите обични акции со право на глас на Стопанска банка Битола.

Станува збор за вкупно 390.977 обични акции, а понудената цена е 3.200 денари за акција.

Во понудата стои и дека утврдената цена по која ќе се откупуваат акциите кои се предмет на понудата за преземање е за 16,78 отсто повисока од просечната цена на тргување на акциите издадени од Стопанска банка Битола на Македонската берза во последните 12 месеци пред известувањето за намерата за преземање.

„Просечната цена на тргување на акциите во последните 12 месеци пред известувањето за намерата за преземање изнесува 2.740,21 денари“, се вели во понудата на Комерцијална.

Од таму додаваат дека на имателите на хартии од вредност нема да им се наплатуваат трошоци за прифаќање на понудата за преземање, односно сите трошоци во врска со понудата за преземање ги сноси Комерцијална.

Комерцијална веќе ги уплатила парите

Комерцијална на сметка на Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ) веќе уплатила 1.251.126.400 денари (околу 20,34 милиони евра), согласно член 34 од Законот за преземање акционерски друштва.

Плаќањето на акционерите кои ќе ја прифатат понудата за преземање ќе се врши со исплата на парични средства од страна на ЦДХВ во рокот предвиден во член 50 од Законот за преземање на акционерските друштва, односно во рок од осум дена по приемот на решението од Комисијата за хартии од вредност (КХВ) со кое се утврдува успешноста на понудата за преземање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка доби довола од КХВ за преземање на Стопанска банка Битола

“Рокот за прифаќање на понудата за преземање започнува од денот на првото објавување на понудата за преземање и ќе заврши 28 календарски дена по започнување на рокот за прифаќање на понудата за преземање.

Рокот за прифаќање на понудата за преземање започнува на 26.08.2024 година и завршува на 22.09.2024 година“, стои во понудата.

Кого понудата ќе се смета за успешна

Од Комерцијална посочуваат дека за да се смета за успешна понудата за преземање, неа треба да ја прифатата имателите на 261.956 обични акции со право на глас, што претставува 67 отсто плус една акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе ја прифати ли Стопанска банка Битола понудата од Комерцијална од 20,3 милиони евра за сите обични акции

Како работела Стопанска банка Битола, која е пред спојување со Комерцијална, во изминативе две години

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ист Гејт Мол ја рационализира потрошувачката на струја

Редакција

(Фото) Версиус – малиот робот кој оперира со минимален пристап беше презентиран во „Жан Митрев“

Редакција

Нови 62 случаи на Ковид-19, бројката на активни е 13.915

Редакција