еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе има брза лента за издавање патни документи на професионалните возачи

Владата донесе одлука со којашто на професионалните возачи кои поседуваат валиден сертификат, Министерството за внатрешни работи треба да им издава патни исправи во приоритетна постапка, по редовна цена и врз основа на доставено барање и список од страна на Министерството за транспорт и врски.

Со одлуката се опфатени сите транспортери и превозници кои поседуваат валидни сертификати за професионални возачи, и на кои им се овозможува по приоритет да ги заменат патните документи, со цел континуирано извршување на работните обврски.

Постапката за пријавување ќе се извршува преку здруженијата и асоцијациите на транспортери, со што листите со професионални возачи ќе се достават до Министерството за транспорт и врски, кое ќе ја проверува валидноста на сертификатите, а понатаму ќе се проследуваат до Министерството за внатрешни работи.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворена платформа преку која германски компании-купувачи бараат македонски добавувачи

Редакција

„Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл“ го доби тендерот за надзор на одржување на државните патишта вреден 1,4 милиони евра

Редакција

ЈП „Тетово транспорт“ лани со загуба од над 4 милиони денари

Редакција