По договорот „влада со влада„ со Унгарија, и новиот кој треба да се склучи утре со Обединетото Кралство, премиерот Христијан Мицкоски најави нов договор со европска држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Договорот со Обединетото Кралство ќе се потпише во четврток, кој се ќе оди во Лондон?
Не откри за која држава станува збор, нуту колкава сума ќе позјави државата, но рече дека истиот е пред заокружување.
Парите кои ќе се позајмат од новата европска држава ќе се трошат за реконструкција и изградба на локални, регионални и магистрални патишта.
Тој рече и дека во моментот се преговара и со седум инвеститори и дека се нудат сите технолошко-развојни зони во државата, а идејата е да има инвестиции низ цела Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со банките Владата договорила каматна стапка од 1,95% за унгарскиот кредит за компаниите