еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

105 навивачи завршија во притвор за убиството на навивачот на АЕК, ќе бидат префрлени во 16 затвори

Сите 105 навивачи уапсени за инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта во кои беше убиен 29-годишниот навивач на атинскиот тим, ќе бидат притворени, откако и на последните 35 уапсени вчера им беше одредена мерка притвор, јави дописничката на МИА од Атина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој го уби навивачот на АЕК, Грците велат хрватски, Хрватите грчки навивач

За време на тридневното маратонско сослушување, ниту еден од уапсените не беше ослободен од обвиненијата за кои се товарат, а од 105 лица, 102 се хрватски државјани, двајца се Грци, а еден е Албанец.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, меѓу оние кои вчера дадоа исказ пред истражен судија и добија мерка притвор се и петтемина Хрвати, кои ден по инцидентите беа уапсени на пристаништето во Игуменица, во обид со брод да ја напуштат Грција.

Притворените 105 навивачи ќе бидат префрлени во 16 затвори во цела Грција, а паралелно продолжува истрага за откривање на сторителот на убиството на навивачот и се очекуваат резултатите од ДНК анализата по примероците земени од уапсените.

Уапсените се товарат за четири кривични и седум прекршочни дела, меѓу кои и за убиство со умисла, како иако убиецот сѐ уште не е идентификуван, за криминална организација, за експлозија и поседување експлозивен материјал итн.

Процесот на сослушување пред истражните судии започна во петокот напладне, а заврши синоќа околу 21 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) По повеќе прободи со нож, хрватските хулигани продолжиле да го тепаат и газат убиениот навивач на АЕК

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцините како и датумот за ЕУ, никако да стигнат

Редакција

Што откако ќе бидете комплетно вакцинирани: Како да се заштитите себе си и другите?

Редакција

Кои ланци на маркети најмногу ги префирираат македонските потрошувачи

Редакција