Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека вчера во 15.35 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово од Клиничка болница Тетово е пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош е донесена ученичка од с. Орашје, која била повредена со тврд предмет.
Веднаш било постапено во однос на пријавата при што било констатирано дека се работи за 11-годишна малолетничка од с.Орашје, која при излегување од основното училиште во с.Одри била физички нападната од нејзин соученик од с.Одри, кој, според пријавеното, користел и тврд предмет, соопшти СВР Тетово.
За настанот бил известен и јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.