еМагазин
Image default
Македонија

12 лекари и 20 медицински сестри ќе ги засилат воените екипи кои помагаат во здравство

Врз база на барање од Министерството за здравство, по консултациите кои ги направивме, од понеделник дополнителни 12 лекари и 20 медицински сестри ќе ги засилат воените екипи кои и во моментов помагаат во здравството. Очекувам таа операција да се случи од понеделник, најави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Во однос на тоа каде ќе обезбедува војската, таа нагласи дека полициските и воените сили ќе бидат сконцентрирани на поддршка на здравствените институции.

– Вчера претседателот ја донесе одлуката и денеска, ова утро, Министерството за внатрешни работи координира со Армијата и со Министерството за здравство, за тоа кои луѓе, каде ќе бидат распоредени. Јас очекувам врз база на побарувањата од Министерството за здравство во текот на утрешниот ден да започне распоредувањето, соопшти Шекеринска.

Овие одлуки, додаде, не ги носи ниту МО, ниту Армијата самостојно, туку ги носат заедно со Центарот за управување со кризи (ЦУК) врз база на побарувања од здравствените институции.

В.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов појасни дека се работи за обезбедување на здравствени институции, амбуланти, ковид амбуланти, или евентуално магацини во кои би се чувала роба која е поврзана со здравствената криза.

– Во текот на денешниот ден главниот штаб во кој ќе учествуваат претставници на Министерството за здравство, полицијата и Армијата точно ќе определи каде и кога ќе излезат претставници на Армијата во поддршка на полицијата.

Тоа не значи дека целокупната бројка која е предвидена во одлуката на врховниот командат од утре ќе се најде на улица. Ќе излезат само онолку војници колку што е неопходно во оваа фаза, рече Ангелов.

МИА/Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски го потпиша Инструментот за пристапување кон НАТО

Редакција

Поради поплавите, Македонија ќе испраќа војници во Словенија, побарана помош и во механизација

Редакција

Влада: Ветото на Република Бугарија е неодговорна геостратешка грешка

Редакција