еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

140 лица потпишале изјави за самоизолација, ако не се самоизолират кривично ќе одговарат

Заменик министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска во емисијата „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека 140 лица кои деновиве влегле во Македонија од различни земји потпишале изјави дека ќе се самоизолираат.

Во оваа бројка не влегуваат лицата кои треба да се самоизолираат доколку имале контакт со некој од заболените во Македонија, туку само тие што дошле надвор од земјата, па бројката на лица кои треба да се во самоизолација во земјава е поголема.

Со најновите мерки сите наши државјани кои влегуваат во земјава од било која земја, не само од високо и средно ризичните ќе треба да се самоизолира 14 дена.

Доколку не го направат тоа може да одговараат кривично, а може да бидат и уапсени.

Според членовите 205 и 206 од Кривичниот Законик казните можат да бидат парични или до три години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стотината заглавени во општините Дебар и Центар Жупа, остануваат таму до крајот на кризната состојба

(Видео) Бојко Борисов хит на социјалните мрежи: „Не кашлај“

Владата ги замрзна цените на лебот, солта, зејтинот, млекото, јајцата, брашното, месото…

Се затвораат сите гранични премини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата седниците ќе ги држи низ различни градови, прва беше Битола

Редакција

Починаа уште четири лица од Ковид-19, вкупно 646

Редакција

Зделка на годината: Синдициран заем од 72 милиони евра за финансирање на изградбата на East Gate Mall во Скопје

Редакција