Министерството за здравство (МЗ) информира дека неделно ќе ја информира јавноста за починати лица со Ковид-19, кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани.
За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.
Во периодот од 08.10-14.10.2021 година, починале 105 пациенти со Ковид-19, од кои вакцинирани биле 26 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 105 починати од Ковид-19 за една недела, 26 биле вакцинирани
“Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на Фајзер.
Тројца со вакцина АстраЗенека, четири починати пациенти со Ковид-19, примиле вакцина Синовак, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм“, стои во анализата на МЗ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МЗ