еМагазин
Image default
Македонија

18 нови случаи на Ковид-19 во Штип

Изминатите десет дена две штипски конфекции направија приватен скрининг на своите вработени, со цел да се утврди колкав број од работниците се заразени со Ковид-19, а колкав е бројот на оние кои имаат негативни тестови и можат да продолжат со процесот на производство почитувајќи ги здравствените протоколи.

Според статистиката на штипскиот Центар за јавно здравје, денеска се регистрирани 18 позитивни случаи на Ковид-19.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека можно е да пристигнат и други резултати од приватните лабаратории во текот на денот.

Според епидемиолошката анкета, и денеска заразените се од штипските конфекции, но и нивни контакти, деца, брачни другари, членови на семејства, како и пријатели.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека на Инфективното одделение се лекуваат 45 пациенти, од кои поголемиот дел се од градот, а остантите се од другите градови од источниот регион. Изутрината се испишани двајца пациенти и се испратени на домашно лекување.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штип, Свети Николе и Ресен со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Пет новозаболени во тетовско, бројот на активни случаи со Ковид-19 намален споредено со пред еден месец

И министерот за образование Арбер Адеми позитивен на Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започна Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД

Редакција

515 заболени од коронавирусот без симптоми, 373 имале контакт со веќе потврден случај во државата

Редакција

МНР официјално и препорача на Владата да го прифати „францускиот предлог“

Редакција