еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

2 лица од новопочинатите од коронавирусот во Македонија биле со претходни заболувања

Министерство за здравство вчера информираше дека се починати четворица пациенти, заболени со коронавирусот, со што вкупната бројка достигна 65.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април.

И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.

Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина.

Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза,“ информираа од Министерство за здравство.

Детали за новопочинатите соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

“Кај починатите лица биле присутни симптоми и истите биле хоспитализирани.

Кај две лица се регистрирани коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Немале историја на патување и не биле во контакт со веќе потврден случај во државата“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Излекувани 68 здравствени работници во Македонија, голем раст

22,9% од заболените со коронавирусот во Македонија се/биле хоспитализирани

(Графикон) До 19 години се 107 од заболените со коронавирусот во Македонија

6 лица од новозаболените со коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има ли вакцина за мајмунски сипаници

Редакција

Продуцентите на „Балканска приказна“ демантираат дека е нивно возилото што пропадна на плоштад „Македонија“

Редакција

Собранието годинава работело само 88 денови

Редакција