еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

20-годишно момче загина во сообраќајка во Кавадарци 

Загина мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила рано изутрина во Кавадарци.

Информацијата ја потврдија од МВР за МИА.

– Утрово во  01.33 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на улицата „Шишка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н. (33) од Кавадарци, патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Г. (18) од Кавадарци и мотоцикл „априлија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.П. (20) од Кавадарци.

Во несреќата мотоциклистот С.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци каде што во 02.20 часот починал, појаснија од МВР.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кавадарци.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нападнал две момчиња пред угостителски објект во Скопје

Редакција

Нови 163 случаи на Ковид-19, оздравени 110, двајца починати

Редакција

(Видео) Во пукање на “Пластичарска“ се повредени неколку лица

Редакција