еМагазин
Локално

202 санкционирани возачи во Скопје, 22 за користење на мобилен, 17 без возачка  

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, информираат од таму.

„Само на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, за користење на мобилен телефон.

Изречени се седум санкции за непочитување на брзината на движење, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 58 мерки за непрописно паркирани возила и 20 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот,“ се вели во соопштението на МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затвореник од Идризово дома ѝ ја запалил облеката на сопругата и си заминал со децата

Редакција

„Руски рулет“ во сообраќајот во Драчево: Возеле пијани и без возачка дозвола

Редакција

Голем шумски пожар близу РЕК „Осломеј“ во Кичево

Редакција