еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

21-годишна струмичанка им помагала на двајца малолетници да силуваат малолетно девојче

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишна девојка за која постои основано сомнение дека помагала при сторување кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничената најпрвин ја поттикнувала и ја довела во алкохолизирана состојба жртвата, ја соблекла во една од собите, овозможувајќи им на двајцата малолетници да го силуваат девојчето, кое за цело време давало отпор. По целиот настан, осомничената и ја облекла облеката на жртвата и почнала да ја удира со клоци и шамари во пределот на главата,“ велат од Обвинителството.

Судија на претгодна постапка и одреди притвор на струмичанката, а за двете деца во судир со законот ќе биде предложена мерка согласно член 115 од Законот за правда на децата – ставање под надзор од Центарот за социјални работи.

Струмичанката се гони за помагала при сторување кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, а за малолетниците е поднесено Барање за поведување подготвителна постапка против две деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија кои со закон се определени како кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обид за полов напад врз млада скопјанка на улица „Јордан Мијалков“ во Скопје

Редакција

И во БиХ најавен бојкот на продавници, во Хрватска ќе се организира нов

Редакција

Доктор Беќаровски со апел: Со укинувањето на сите ковид-мерки, не значи дека треба да престанете да миете раце

Редакција