Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 21 починато лице од Ковид-19: 6 починати лица од Скопје (62г, 70г, 73г, 83г, 84г и 85г), 5 лица од Куманово (65г, 67г, 72г,81г и 85г), 3 лица од Битола (70г, 80г и 89г), 2 лица од Охрид (53г и 62г), по едно од Прилеп (85г), Радовиш (81г), Виница (61г), Македонска Каменица (83г) и Неготино (62г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 10 починати лица од Скопје (3), Битола (2), Охрид (2), Делчево (1), Гевгелија (1) и Кичево (1).
Починатите се на возраст од 63г до 86г. Од пријавените лица, 2 се починати во болнички услови и 8 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 03.02.2021 – 10.02.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=31), 9 лица се целосно вакцинирани, кај 30 лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на починати е 8.736.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 1.222 случаи на Ковид-19 од 4.342 тестови, 157 се реинфекции
Убава вест: Оздравени 1.502 болни од Ковид-19
Фото: МЗ