еМагазин
Image default
Македонија

22-годишната трудница која почина од Ковид-19 имала дијабет и проблеми со тироидната жлезда

Од Министерството за здравство (МЗ) информираа дека 22-годишната трудница која почина од Ковид-19 имала дијабет и проблеми со тироидната жлезда.

На 26. ноември таа од Клиниката за гинекологија била префрлена во ГОБ „8-ми Септември“ во многу тешка состојба. На Гинекологија била три дена поради комплицирана бременост, а породен бил и мртов плод со царски рез.

Нејзината здравствена состојба била многу лоша и таа за цело време била на респиратор.

„Третманот со респиратор продолжил и во ГОБ „8-ми Септември“ каде што била донесена во критична состојба. За време на лекувањето во двете институции преземени се сите мерки на интензивно лекување. И покрај тоа, пациентката починала на 9. декември“, информираа од МЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Ковид-19 починаа 28 лица, меѓу кои и девојка на 22 години

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Здружението „Онлајнмедиа“ бара интернет порталите да најдат место во Законот за медиуми, а дискриминирачките одредби од Изборниот законик да се отстранат

Редакција

Официјално: Се враќа полицискиот час, целосен карантин за Скопје, Куманово, Штип, Тетово…

Редакција

Борисов: Не се случи ништо страшно, се надевам дека следната година ќе пронајдеме заедничко решение

Редакција