Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, за периодот од 6 август заклучно со 14 октомври. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
“Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.
Во период од 6.08 до 14.10.2021 на територија на државата починале 1.382 пациенти со Ковид-19, 1.149 пациенти од починатите, односно 83% не биле вакцинирани, а само 17%, односно 233 примиле вакцина.
Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна.
Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МЗ